Се отвара најголемата игротека во Скопје - Fun House | Trendseteri
Menu

Fun House за нашите деца

Се отвара најголемата игротека во Скопје – Fun House


Точно за денот на шегата, 1. Април, отвара најголемата игротека во градот кај што ќе гостуваат нашите „Златни Славејчиња“. Очекувано, со најдобра понуда и интериер на кои не се штедело. Fun House“ се наоѓа  во комплексот Park Residence, која што веќе сега е најатрактивна локација во градот за целото семејство. Додека малите се забавуваат во „Fun House“, родителите може да го искористат времето за релаксиран муабет со кафе или ручек во „Four“, „Brick Bar“ или  да го искористат времето со рекреација во „Spa“ или „Fitness Center“  кои исто така се наоѓаат во комплексот.

Со отварањето на „Fun House“, „Park Residence“ станува најатрактивна локација за живеење во градот и одлично место за прошетка за целото семејство.

 

Од „Fun House“ изјавуваат следно…

…Во потрага сте по нешто поинкаво кога станува збор за забава за вашето дете?
Запознајте го новото омилено катче на најмалите – игротека FUN HOUSE.

Нашата игротека FUN HOUSE е вистински возбудливо катче, место каде соништа на вашите најмили стануваат реалност. Ова уникатно детско катче нема да ве остави рамнодушни бидејќи е вистински рај за сите дечиња и целосна релаксација за родителите.


FUN HOUSE е една од најголемите игротеки во Македонија и истата се простира на 400 м², која покрај внатрешниот дел за деца кој е предвиден за 100 лица, располага и со дополнтелен дел со капацитет за 70 возрасни, како и летна тераса. Игротеката е изградена и опремена со модерен дизајн со супериорна опрема која нуди возбудлива игра и развој на фантазијата и моториката на вашето дете. Разновидните содржини за деца од сите возрасти ветуваат одлична забава. Игротеката FUN HOUSE е опремена со: детско кино со ѕвездено небо, магнетен ѕид, картинг патека, интерактивни софтверски игри, плочка и не лути се човече во реална димензија, ѕид за качување, адреналин корнер, мини фудбал, работилници, лего ѕид и уште голем број на содржини кои нудат незаборавна забава.

За славениците имаме посебен дел кој гарантира реализација на убедливо најубавите детски родендени. –

 

Ве очекуваме за отварањето на 1. Април!