6 хит фризури за оваа сезона | Trendseteri
Menu

6 хит фризури за оваа сезона

Овие фризури ќе доминираат оваа сезона


Сакате промени во изгледот? Стилистката за коса Линда де Зеув за „InStyle“ ги прогнозира трендовите кои ќе ја одбележат оваа сезона.


„Боб“ во линија на вилицата

Фризурата „боб“ е најсилен тренд меѓу фризурите веќе неколку сезони, а ќе продолжи да владее и оваа сезона.

„Овој стил е најдобар за права коса, но ако имате брановидна или кадрава коса, исто така може да изгледа кул“ – вели Линда.


Шишки тип „завеси“

Фризурата со ретро шмек е огромен хит на „Pinterest“ и е обожавана од „Instagram“ блогерките.


На степени

Кога прамените се со различна должина се создава илузија за поголем волумен, а дополнителна предност е богатата текстура на косата.


Боб со шишки

„Шишките можете да ги наречете ‘гласот’ на фризурата“ – вели Линда.


Подрасната пикси

„Оваа фризура е многу убава за многу различни форми на лицето, бидејќи може да се стилизира на многу начини“ – порачува таа.


Долги прамени на минимални слоеви

Одлучете се за минимални степени со кои максимално ќе ја зачувате должината на косата.

„Ако создадете долги слоеви кај долга коса, креирате движење без да ја изгубите убавата должина, што е совршено за повеќето типови на коса“ – советува Линда.