Фитнес трикови кои треба да ги копираме од славните | Trendseteri
Menu

Фитнес трикови кои треба да ги копираме од славните

Славните дами го прават тоа вака

 

Планирате да вежбате редовно, веќе со месеци? Еве неколку идеи кои конечно ќе ве помрднат од место

Самоувереност како Бјонсе. Таа има повеќе облини и став баш ми е гајле, што дополнително го зголемува нејзиниот сјај. Вежба онолку колку и дозволува времето, два до три пати во неделата со помош на електро мускулна стимулација, за да го зголеми ефектот и да изгледа беспрекорно и кога не се одкажува од храната.

 

Упорност како Џенифер Анистон. Будење во 6 часот наутро за да го одработи тренингот пред снимање е нејзиното решение за витко тело и по 40тата година.


Организација како Хајди Клум. Работење како супер модел, секојдневен тренинг и 24 часовно работно време како мајка на пет деца, со добра организација и малку желба се е возможно.

2 х 20 минути неделно за идеално тело – кликни тука

Идеи како Камерон Дијаз, сурфање, алпинизам, трчање, теретана во комбинација со електро мускулна стимулација… Камерон знае дека потребни се и промени во вежбачкиот живот, како не би и досадило после месец дена. Затоа таа ги комбинира сите.