Најмоќни филмски цитати со силни пораки | Trendseteri
Menu

Најмоќни филмски цитати со силни пораки

5 филмски цитати за мотивација – Остварете ги своите соништа

 

Секој од нас има свои соништа и планови кои сака да ги исполни. До исполнување на соништата некогаш се стигнува полесно, некогаш потешко, а тоа што неминовно не води до целта се нашата упорност и вера. За да го започнете патувањето воопшто, треба да бидете мотивирани. Мотивацијата доаѓа од различни страни и на различни начини. Некои од нас можеби тргнале на патување мотивирани од репликите на познати филмови, а некои можеби допрва ќе тргнат. Нека филмовите бидат ваша инспирација и мотивација за патувањето до остварување на вашите соништа.

 

Кум – „Големите луѓе не се раѓаат такви, тие прераснуваат во такви.“ 
 
Никој не е роден паметен. Знаењето се постигнува во текот на животните патувања. Ако сте од оние што мислат дека знаат се, тогаш тоа е вашата животна препрека која треба да ја отстраните. Ништо во животот нема да ве научи поубаво од искуството.

 

Сите кралски мажи – „За да пронајдете еден објект, една голема вистина или еден пар загубени очила, мора прво да имате неколку приоритети за нивното пронаоѓање.“
 
Сите кои се на пат за остварување на соништа мора да веруваат во успех. На тој пат за претворање на сон во реалност, не треба да обратите внимание на тоа што ќе кажат другите, битно е да останете доследни на себе и да верувате во своите идеи.

 

Роки – „Никој нема посилно да ве удри од тежината на животот.“
 
Кога ќе добиете удари, не е битно колку вие може да удрите, туку колку може да издржите и да се движите напред. Ќе се доведете и во ситуации кога нема да има кој да ви помогне, меѓутоа треба да одите напред без откажување.

 

Девојка од милион долари – „Магично е да ризикуваш нешто заради еден сон кој никој не го гледа, освен вие самите.“
 
Она што сте наумиле да го остварите на другите можеби ќе им делува смешно, глупаво, неразумно или во краен случај нејасно. Не дозволувајте тоа да ве предомисли, затоа што вие го остварувате вашиот сон.

 

Лоренс од Арабија – „Големите работи имаат мала појдовна точка.“
 
Не очекувајте дека ќе го претрчате патот од визијата до реализација. До целта се стигнува со постепено искачување на скалила. Почнувате со помали чекори, постепено зголемувајки ги. Кога ќе се свртите позади себе, ќе го видите изодениот пат на кој сте стекнале нови знаења и вештини кои ќе ви помогнат во понатамошниот живот. Секоја помината скала (препрека) носи ново искуство и ве приближува до остварување на вашите цели и соништа.

DejaVu Capitol Mall

Mесец на стрелците

Месец на скорпиите