Се одржа третото издание на "Fashion & Lifestyle Expo" 2018 - саемот за мода и животен стил | Trendseteri
Menu

Се одржа третото издание на “Fashion & Lifestyle Expo” 2018 – саемот за мода и животен стил

Се одржа третото издание на “Fashion & Lifestyle Expo” 2018 – саемот за мода и животен стил

 

Во фоајето на Македонската Опера и Балет во Скопје се одржа и третото издание на “Fashion & Lifestyle Expo” 2018 кој траеше два дена (22-23 март), единствениот lifestyle настан кој направи совршен спој од современиот дизајн, иновативните производи, уметноста, креативноста и прекрасните звуци.

Настанот, кој официјално започна во четвртокот (22.03.2018) во 15 часот, и оваа година се фокусираше на  уникатниот современ дизајн на автомобили, архитектурата, парчиња мебел, бањи и уредување на ентериер, модниот дизајн, накит, аксесоари, чевли и часовници, луксузната козметика и исклучителните пијалоци.

Голем број на домашни и странски премиум брендови и компании, во уникатна атмосфера и во несекојдневен амбиент ги претставија своите најнови колекции, производи и услуги, а посетителите имаа можност од прва рака да ја дознаат нивната приказна и да искористат бројни поволности.

 

Вечерната програма започна во 20.00 часот, со најдобрите коктели од Skopje Cocktail Week, по што следеше концерт на музичарите од Трениг центарот ЕВА. Потоа во 21:00 часот започна ревијата “Чувства”, за најновата колекција на “JO.AN”, а за атмосферата до крајот на вечерта се погрижи Dj Boogieman.

Вечерниот дел во петокот започна со дегустација на врвните вина од винаријата “Тиквеш”, делата на “Rivedil”, модното шоу на “ALSHAR” за колекцијата Spring Breakers, а настанот го заокружи Диџеј Зоки Бејбе.

И оваа година во Beauty Bar посетителките на настанот имаа можност да се разубавуваат со бесплатни козметички третмани, шминка и фризура, неврокозметиката и органската козметика, а најсреќните си добија и подароци.

Creative Hall и оваа година понуди бројни креативни работилници и презентации каде сите што беа пријавени имаа можност да совладаат нови вештини и сами да изработат уникатно парче.

И покрај лошите временски услови, одѕивот на посетители беше голем, меѓу кои можевме да забележиме и јавни личности, уметници, пеачи, бизнисмени и сите заедно со една огромна љубов кон уметноста.

 

Foto: Ana Grkovska