Ева Лонгорија го истакна бронзениот тен | Trendseteri
Menu

Ева Лонгорија го истакна бронзениот тен

Со бела креација од Алберта Ферети на галата amfAR


Со оглед на тоа што непрекинато се занимава со филантропски активности, Ева Лонгорија не си дозволи да ја пропушти хуманитарната гала на amfAR, која секоја година традиционално се одржува во Антиб за време на Канскиот филмски фестивал.

На гламурозната вечера, Лонгорија носеше бела креација од Алберта Ферети, која на одличен начин го истакна нејзиниот тен, како и обувки од Џими Чу.