Есенски „must have“ | Trendseteri
Menu

Есенски „must have“

Го носат сите трендсетерки

 

Ова парче го прослави Coco Chanel, а сега го носат сите трендсетерки. Неа можеме да ја наречеме мајка на елеганцијата и добриот вкус, а творец е на тренд за кој не се битни ни годините ни ставата.

За да покаже дека и на жените неодоливо им стојат одела и палта, Coco креирала комплети од твид, кои се од тогаш симбол на елеганција и префинетост. Оваа година кроевите се нешто подолги, меѓутоа несмееме да кажеме дека се помалку привлечни или помалку женствени.

Зедно со големите модни куќи и брендовите за таканаречената улична мода ги наполнија своите полици со ова модерно есенско парче облека, кое совршено одговара со било која комбинација.

За да добиете инспирација како да го комбинирате ова совршено парче, еве неколку предлози и примери од трендсетерки кои никогаш не одбиваат добро палто или капут од твид.

И самите ке увидите дека нема облека со која неможете да го вклопите палтото. Можете да го носите со класични фармерки, па дури и со модерни искинати за преку ден.Само поведете сметка за тоа вашите панталони, фармерки или здолниште бидат еднобојни, за да убавината на палтото дојде до израз.

Со палтото лесно можете да комбинирате рамни или пак чевли со потпетици, чанти во било кој облик и големина, а врз него можете дури и да ставите широк украсен ремен како би ја дополниле целата слика.

Има многу можности за комбинации пред вас, затоа битно е ова палто, лансирано од Coco Chanel оваа есен да се најде во вашито плакар.