Емоционална интелигенција | Trendseteri
Menu

Емоционална интелигенција

Вака се однесуваат психички силни луѓе

 

Силните луѓе не дозволуваат околината да управува со нивните емоции, ставови и потези. Тешко е да се разбере зошто луѓето имаат потреба константо да бидат негативни, да се расправаат, да критикуваат или навредуваат. Не е тешко да се сфати дека тоа го прават затоа сто се незадоволни сами со себе и сопствениот живот. Сепак постојат и тие другите-психички јаки луѓе кои не дозволуваат околината да делува на нив. Тие не реагираат кога некој ке ги навреди или искритикува и имаат неколку добри причини за тоа:

-Молчењето е злато

Психички силните луѓе знаат дека луѓето ја прикриваат својата несигурност со тоа сто критикуваат или навредуваат. Тие луѓе никогаш нема да бидат среќниза туѓиот успех, затоа што се неспособни за себе да го постигнат. Безоглед како вие се однесувате, „слабаците“ ќе ве анализираат на сопствен начин и ке најдат критика. Затоа наместо да трошите енергија на вакви луѓе, едноставно усмерете ја со сите сили кон вашиот живот.

-Тоа е само нивно мислење

Навредата е само нечие мислење и психички јаките луѓе го знаат тоа.Они се свесни за негативностите на поединци,па критиките не им значат ништо затоа сто и така не се добронамерни.

-Животот е едноставен

Силните луѓе знаат дека собирање омраза само го комплицира и загорчува животот,затоа е најдобро веднаш во корен да се исече,освен тоа да одговориш со добро на нечија негативност има моќ да ја неутрализира негативноста па дури и да го промени мислењето.

-Не се замараат со туѓи проблеми туку ги решаваат сопствените

Психички јаките луѓе знаат дека не се родени сите да ги задоволат и свесни се дека тоа е невозможно, затоа што секогаш ке се најде некој кој не е задоволен од вас. Затоа е најдобро да се свртат кон својот живот и да не си ствараат непотребни проблеми. Најважно е да пронајдете начин како да ги избегавате негативните луѓе или едноставно да не дозволите да допираат до вас. Е тогаш сте вие силни луѓе.

#HFWEXPO   Park Hotel & Spa

Mесец на девиците

Месец на Раковите
NOA Lounge Bar - Ohrid