Елена Ристеска е вистинска модна трендсетерка
Нашата најпозната поп-пеачка Елена Ристеска дефинитивно важи за една од најзгодните девојки од македонската естрада. Елена е девојка која води редовна грижа за својот изглед, па сето тоа си дава позитивни резултати. Едноставно зрачи со својата убавина и сексибил кој никого не може да остави рамнодушен. Поп-ѕвездата е секогаш “скоцкана” како што треба од глава до пети и неуморно ги следи модните трендови. Нејзиниот стил е вистинска инспирација за сите девојки.