Елена Ристеска го промовираше новиот хит „Текила и лимон“ | Trendseteri
Menu

Елена Ристеска го промовираше спотот за новиот хит „Текила и лимон“

Елена Ристеска го промовираше спотот за новиот хит „Текила и лимон“

 

Нашата најпозната и најатрактивна поп-пеачка Елена Ристеска вечерва на нејзиниот фејсбук профил го промовираше видеозаписот за нејзината најнова песна „Текила и лимон“, кој веруваме дека наскоро ќе биде мегахит во Македонија.

 

„Текила и лимон“ ја продуцираше, компонираше и аранжираше Дарко Димитров, потоа „Effective Records“ од Русија кои се издавачите на песната и спотот и промотери на истата за европски пазар, Милош Николич ја отсвире трубата, додека Елена самата се појавува како текстописец.

За реализација на видеото особен придонес имаат: Клинкат (CleanCut) Production, кои се всушност продукцијата која го изработи, потоа добропознатите „Beatrix Crew“ кои како и секогаш се погрижија за одличната кореографија и за тоа одлично да изгледа самото дејствие.

За шминката и фризурата се погрижи Даниел Николовски и неговото студио, за главниот стајлинг се погрижи Јелкица Поповска, додека за останатите стајлинзи Елена и Битрикс.

Во видеотото се појавуваат танчерите од Битрикс: Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Мартин Иванов, Ана Марија Темелковска, Јана Петровска, Стефани Пецалевска, Андреа Дуковска, Мелани Монева и Зана Незири, а како статисти ги гледаме: Диме, Исидора, Ивана, Тамара, Филип, Серџо, Мерсиха, Ева, Бети, Маја и Никола.

Трендсетери ексклузивно дознава дека за неколку дена се очекува објавување на верзијата на истата песна отпеана со Емина Јаховиќ во дует на македонски и екс ју јазик, за која спотот е сниман во Турција.