Еден ден со Ана Стојанова | Trendseteri
Menu

Еден ден со Ана Стојанова

Една од најпознатите фитнес девојки и модели во Македонија


Ана Стојанова е една од најпознатите фитнес девојки и модели во Македонија со илјадници нејзини фанови кои го следат нејзиниот начин на живот и нејзината форма.

Дама која спортската опсесија ја претвори во професија, а нејзиниот изглед претставува вистинска фитнес инспирација за сите жени.
Секојдневно ни ги открива нејзините фитнес вежби и планови на тренинг, но и своите навики за исхрана кои ги смета за исклучително важни за фит и здрав живот.

Еве како изгледа еден ден на нашата најзгодна фитнес девојка…
“Денот ми започнува со вода. До мене мора да има шише или 2 заборавени чаши со вода од пред тој ден(една е многу малку). Тоа е добра навика.

 

Станувам од прилика во 8 часот. Се трудам да не го чепкам телефонот во првиот час и да се посветам на мене.

Свесна дека ме чека дневна комуникација со најмалку 50 девојки, морам да бидам психички средена, смирена и подготвена за нив.
Во периодот од 8 до 9 часот, се средувам, истегнувам и јадам.
Најчесто одело ми се хеланки и широк дуксер. Морам да бидам искрена и да признаам дека некогаш имам страшна желба и јас да се средам, облечам штикли и влезам во канцеларија полна со луѓе. Тоа е привилегијата и недостатокот на работење од дома” – вели Ана.

Појадок
“Потоа си подготвувам појадок. Во денови кога имам премногу работа најчесто појадувам овесни снегулки со јогурт и варени јајца или протеински шејк. Ништо креативно знам, ама сакам да е брзо и здраво. Според мојот ден и желби се правени и менијата на моите програми за сите девојки, а јас имам многу желби и затоа сме сите сити.

Има денови и кога се разгалувам, сакам да си удоволам па му посветувам повеќе време на појадокот. Декорирам и сликам, но многу ретко објавувам ваков тип на слики. Тие се за лично задоволство” – додава Ана.

Потоа се придвижувам во мојата работна соба, бирото ми е веднаш до прозорецот и влегува голема светлина, а тоа е она што најмногу ми треба кога сум сама, а сама сум секој ден од 8 до 17 часот.

Тука почнува се. Работам работа за која креативноста не знае за граница. Дозволено е се, буквално. Ти и твојот памет, мисли и идеи. Една од работните задачи ми е пишување на скрипти за видеа, смислување на цели сценарија. Најпрво мора доволно да ме воодушеви мене за да биде пласирано и во јавност. Комуникацијата со девојките е нешто што ме фасцинира. Различни карактери, жени, девојки од 13 па се со 60 години. Сите комуницираат и имаат целосна доверба кога ќе стапат во контакт со мене.

Магично е, но и доста напорно. Морам да внимавам на секој збор, да бидам искрена со секоја, а сепак да не навредам и повредам некоја од нив. Психологијата е моја појака страна, тоа е нешто со што човек се раѓа и нормално мора да се надоградува, а мене засега ми оди одлично.

Фитнесот е многу повеќе од здраво мени и добри вежби. Способноста да имаш толку многу клиенти и сите да се задоволни не е дека правам магично мени, јас комуницирам со нив и јас ја давам целата моја енергија и знаење затоа што првата цел ми е- да помогнам. Толку е едноставно.

Во меѓувреме пијам кафе, од машина или турско без шеќер, не заради тоа што го избегнувам туку заради тоа што не сакам благ вкус на кафе” – продолжува Ана.

Ужина
За ужина Ана најчесто се одлучува за јаткасти плодови како ореви, бадеми, лешници, или парче овошје.

Ручек
“Во 14 часот е време за ручек, мал одмор и повторно назад на работа.
Живеам веќе 2 години заедно со мојот дечко, тој се враќа во 17, а јас веќе го имам мојот трет оброк.

Сакам да ја завршам цела работа до 17 и да му се посветам него. Приватниот живот и фамилијата се за мене првата најбитна работа и сакам да давам многу љубов.

Се што правам сакам да е длабоко и со смисла, а луѓето кои се околу мене се трудам да се најсреќни, само на тој начин ќе бидам среќна и јас.

Тренинг
Вежбам релативно касно и тоа е нешто што сакам да го променам, но иако сум дома, јас работам, а навистина е напорно да се постигне се. Како и да е, со добар план се успева и се е можно.

Вечера
После тренингот гледам да јадам протеински оброк, а да намалам на јаглехидрати” – изјави Ана за Трендсетери.

 

Бидете во тек и следете ја Ана на следните страници:
www.anastojanova.com
Facebook Ana Stojanova
instagram Ana Stojanova
youtube Ana Stojanova