Драга Мамо, послушај ме мене!!! | Trendseteri
Menu

Драга Мамо, послушај ме мене!!!

Се навикна на своето ново големо тело, на успорените движења, тешкото дишење. Ме галеше и ми зборуваше, раката ти срасна со стомакот. И ме донесе на овој свет, никогаш посилна, никогаш похрабра, убава, поубава од било кога, добра, најдобра, моја…мајка.

 

Ти си мојата мајка. Ти ме носеше во себе и чуваше девет месеци, се грижеше што јадеш, колку и како дишеш, каде се движиш, на која страна спиеш, кого слушаш, од кого се криеш. Во тебе растев.

Се трудеше повеќе него било кога да бидеш среќна и кога ти се плачеше, за јас да ја осетам твојата среќа.Одеше од продавница до продавница уште во петтиот месец од бременоста гордо бирајќи што ќе ми облекуваш кога конечно ќе се сретнеме.

Се навикна на своето ново големо тело, на успорените движења, тешкото дишење. Ме галеше и ми зборуваше, раката ти срасна со стомакот. И ме донесе на овој свет, никогаш посилна, никогаш похрабра, убава, поубава од било кога, добра, најдобра, моја…мајка.

Те гледам денес повторно ги правиш истите работи. Се трудиш да бидеш најдобра, толку се трудиш што гледам како гориш од таа желба. Го цедиш последниот атом енергија од тоа уморно тело, како да нема утре да ми требаш. Ќе се умориш, ќе се скршиш, ќе се растажиш, ќе почнеш да се мразиш себе затоа што ќе почувствуваш и сама како копнееш.

Грубо се запоставуваш себе, заради мене. Така често се смееш со сила, а знам дека би се сокрила да плачеш и да дигнеш раце од се. Те чувствувам преку допир, мене неможеш да ме излажеш.

Оди на фризер, оди на кафе, прошетај сама, купи си високи потпетици, налакирај ги ноктите, запиши се на аеробик и скокај. Сето тоа ако го правиш не значи дека си помалку пожртвувана, дека си за себе побитна, дека не се грижиш за мене. Твојата среќа се прелива врз мене исто како и твоето незадоволство.

Тршај дома, трчај до продавница, трчај на работа, па од работа на пазар, од пазар до пекара…

Толку многу си префрлила на сопствениот грб верувајќи дека најдобро можеш сама и се да мораш, а не мораш. Нема светот да исчезне ако еден ден ги дигнеш нозете на маса. Ќе ни биде на сите добро, ќе ни биде најдобро.

Не мораш да правиш се што прават другите мајки. Другите мајки не се мојата мајка, а ти ме роди мене и тие други деца не се јас.
Немој да ме одгледуваш по книги, одгледувај ме според своето срце, според тоа што слушаш во него, што ти шепоти инстиктот.

Немој да се срамиш што немаш нова количка, па секаде стигнавме на време. Ниту една количка ниту позајмена, ниту најскапа и нова неможе да ја заменат удобноста во твоите раце и тоа е единствена вистина.

Немој преку мене несвесно да исправуваш грешки од минатото, да се докажуваш, покажуваш или светиш. Немој преку мене да се правдаш.
Немој да се правдаш за ништо. Ни за тоа зошто плачам. Не мора секое присуство да ми одговара, па и на тебе не ти одговара секој и јас тоа го почитувам.

Немој да мислиш дека си лоша затоа што не си член на ниту една група за бебиња и деца, затоа што не си ставила ниту една слика од мојот супер хранлив оброк. Не си помалку добра затоа што сабајле ми даде кифла и јогурт.

Немој да се натажуваш затоа што со пет месеци не ме однесе на море, има време и за тоа, морето нема да испари.

Немој да помислиш дека сум помалку среќно дете затоа што немам се што си видела дека другите имаат. Мене не ми треба готов инстант свет, јас сакам својот свет да си го стварам само, од ролни тоалетна хартија, од кутии, кеси, стапчиња и се што ќе најдам. Научи ме да мечтаам и од ништо чуда да направам, ќе ми биде полесно и поубаво во животот.

Немој на другите мајки да им завидуваш, затоа што така ме учиш на завист. Немој да бидеш несигурна, ќе ме направиш и мене несигурно. Немој да остануваш заради мене, ако не ти е добро. Ако душата ти се крши. Долг пат е пред нас, потребна си ми силна и среќна, а не слаба и тажна. Немој да трпиш било кој и било што за мое „добро“, затоа што можеби можеш да голташ одредено време, на долги стази тоа ќе те убие, тебе, па и мене.

И можеш да ме носиш и во раце и да плачеш зошто неможеш подобро и повеќе за мене, можеби ќе си префрлаш затоа што немаш повеќе пари, па да ми обезбедиш, поголема соба, автомобил на батерии, море, планини, секој месец нови чевли, голем двор, повеќе време, но единствено што јас ќе памтам е твојата љубов и сила. Не ги брои саатите кои си ги поминала со мене, туку колку квалитетно ги поминуваме тие што ги имаме.

Тоа е единствено што можам и сакам да го почувствувам, тебе насмеана, среќна и искрена, тебе отворена како ме скокоткаш на било каков душек, во било каква соба. Без грижа на совест дека некаде си погрешила.