Дозволете си да бидете среќни, во овој момент, сега! | Trendseteri
Menu

Дозволете си да бидете среќни, во овој момент, сега!

Дозволете си да бидете среќни, во овој момент, сега!

 

 

Колку пати сте си рекле во себе: “Само уште ова да го направам и ќе бидам среќен” ?

Среќата е најпосакуваната цел кон која сите се стремиме. Од неа, понатаму произлегуваат другите цели кон кои се стремиме во животот – успех, просперитет, љубов, спокојство, мир. За разлика од порано, денес сè повеќе и повеќе ја бркаме среќата. Колку побрзо трчаме кон неа, толку патеката станува подолга.

Колку сте среќни? – Тоа сè зависи од вас.

 

Сите ние имаме свои планови и цели. Сите ние имаме свои соништа кои сакаме да ги оствариме. И тоа е ок. Но, во исто време не е во ред да се врзуваме за нив мислејќи дека тие ќе ни ја донесат среќата, а сегашниот момент, овој момент сега е некакво си лимбо до тоа што допрва ќе следува. Бидејќи колку добри работи и да имаме во животот, најчесто самите ние бараме нешто за што ќе се грижиме. Грижата е како болест и не ни дозволува да уживаме во ништо. Таа не тера да веруваме дека во иднина, еден ден, ќе бидеме среќни. А вистината е сосема поинаква.

Овој момент е сè што имаме!

 

Не знаеме што ќе се случи ни за 5 минути, а камоли за година-две. Затоа не дозволувајте притисокот за вашата иднина да ве надвладее во емоциите. Најголемата среќа на светот е да знаеме дека, без разлика на сè, остануваме фокусирани и продолжуваме по својот пат. Најпрвин треба да бидеме среќни со тоа што го имаме во овој момент. Сè друго ќе се случи бидејќи среќата, штом ќе ја зграпчиме, секогаш ќе биде на наша страна!

Дозволете си да бидете среќни, во овој момент, сега!