"Дијамант" - ДНК со нов сингл и спот | Trendseteri
Menu

„Дијамант“ – ДНК со нов сингл и спот

„Со еден удар сè промовираме“ – ДНК со нов сингл и спот

 

Момците од ДНК, Панчо и Андреј со тројна промоција,  по 16 години присуство на домашната музичка сцена.

Вечерва во 20:30 во „Парк Хотел & Спа“, во присуство на поголемиот дел од македонската естрада, пеачи, водители, уметници, спортисти, пријатели и фанови, ДНК го промовираа новиот сингл и спот „Дијамант“ потпишан од веќе проверениот тим Панчо и Лазар Цветкоски.

 

ДНК исто така го промовираа новиот студиски материјал “The best off” и ДВД од концертот одржан лани во Метрополис арената во Скопје, а по повод нивниот јубилеен роденден – 15 години ДНК.

Дел од албумот „The best off“ се 22 веќе чуени теми, меѓу кои „Авион“, „Стојам сам“, „Невозможна мисија“, „Пази се од менe“, „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Она е од Шутка“…, и најновата „Дијамант“ како бонус трака.

„Пред сè да им се заблагодарам на сите во мое име и име на Андреј и Лазар, што одвоивте време да дојдете, со еден удар се промовираме…“ изјави Панчо.

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
NOA Lounge Bar - Ohrid