Диџеј Александар Галоски – амбасадор на електронската музика во Македонија | Trendseteri
Menu

Диџеј Александар Галоски – амбасадор на електронската музика во Македонија

Александар Галоски гради кариера на светски рамки

 

 

 

Диџеј Александар Галоски – еден од најангажираните на електронската музичка сцена во Македонија, талент кој го препознаа и светските број еден диџеи и рамо до рамо со нив настапува на светските сцени. 

Галоски, диџеј и продуцент на транс и хаус музика, со амбиции да настапува и на Tomorrowland сцената и можности да изгради светска кариера.

Неговиот сон и не е така далеку. Неговите траки ги издаваат светски реномирани издавачки куќи, како што се Аrmada Music на Аrmin van Buuren, Stilt Records на Roger Sanchez, Protocol на Nicky Romero, Flamingo Recordings на Fedde Le Grand, издава и за Univesal Music, Ministry of sound и други.

Неговите изданија најчесто ќе ги најдете во сетовите на светски познатите имиња како Hardwell, Avicii, David Guetta, Dimitri Vegas & Like Mike Afrojack, Nicky Romero, Fedde Le Grand, Arty итн.

Галоски постигна огромен успех и на неговата турнеја во Јапонија во еден од најпознатите  ноќни клубови во Токио “V2”, каде што како дел од листата на артисти кои настапуваат се Justin Bieber, One Direction, Neymar, Dr Dre, The Chainsmokers, The Black Eyed Peas, Florida, Ne-Yo и други.

Популарниот диџеј за прв пат во својата кариера ќе настапува во Јули ова лето на мега популарниот музички фестивал “Ultra Europe 2018” кој ќе се одржи во Сплит, Хрватска.

И затоа заслужено го носи епитетот амбасадор на електронската музика од Македонија и одличен пример за новите генерации дека со џебови полни соништа и напорна работа сè е возможно.

 

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
DejaVu Capitol Mall