Девојката што го топи снегот и македонското новинарство | Trendseteri
Menu

Девојката што го топи снегот и македонското новинарство

Девојката што го топи снегот и македонското новинарство

 

Со цел да ја истакнеме вистинската слика на тоа како функционираат голем дел од интернет порталите во Македонија, вчера направивме објава со фотографија на згодна девојка во секси долна облека  која позира на снежниот асфалт во една од скопските улици.

Резултатот беше толку запрепастувачки што ги надмина сите наши очекувања.

Објавата која со брзина на светлината буквално го преплави интернет просторот, беше превземена од многу портали од кои, некои беа со грешки во текстот, други имаа наведено погрешен извор, а некои воопшто немаа извор (барем кога се работи за македонски портал). Едноставно, објавата со брзина на светлината го преплави интернет просторот.

Се покажа дека се превземаат секакви објави без да се провери веста, без да се наведе изворот, без никакво почитување на авторските права.

Сепак мора да истакнеме дека некои, како на пример “republika.mk” или  “zase.mk” веста ја превзедоа професионално, каде во нивниот текст беше уредно напишан изворот,  односно нашата веб страна.

Ние како млад портал, со овој мал “тест”  сакаме да истакнеме дека секое непрофесионално превземање на објави е директно нарушување на авторските права кои мора да се почитуваат, бидејќи секоја информација чини многу труд, време и пари.

И за крај, девојката што што го топи снегот е моделот Џена Харден која позира за фотографот Никола Риналдо. Џенa е само една од колекцијата на фотосесии со згодни и атрактивни убавици кои му позираат пред објективот.

Уживајте во глетката…

Photo by: Nicola Rinaldo