Хороскоп - Девица | Trendseteri
Menu

Хороскоп – Девица

Љубовен хороскоп за Девица – месец март 2018та

 

Девица 23.08 – 23.09

Најисполнети на емотивен план во текот на овој месец ќе бидат вечно претпазливите Девици. Престојот на Сатурн во вашето поле на емотивни врски ќе донесе емотивна стабилност и зрелост во пристапот кон одлуките во љубовта, како и близина и љубов со постара или зрела личност. Оние Девици кои ги потиснувале проблемите во постоечките односи во овој период ќе се соочат со емотивна дистанца, заладување на односите, како и губење на желба за истите. Истовремено престојот на повеќе планети во Риба – вашето поле на партнерски односи ви носи изобилство од нови познанства на кои ќе треба да внимавате. Сепак планетите во Риба носат мистериозни, таинствени, како и ликови кои нешто кријат. Позитивната страна е доколку љубовта ја започнете со личност во симболика на овој знак, како што се уметниците.
Меркур, вашиот владетел ве исправува во последната неделла од месецот пред ликови и нерасчистени настани од минатото.

Поволни датуми: 2,3,21 и 22.
Неповолни датуми: 8,9,23 и 24.