Девица | Trendseteri
Menu

Девица

Љубовен хороскоп Девица – мај

 

Вечно претпазливите Девици овој месец ги очекуваат возбудливи емотивни и сексуални искуства. Сѐ она што го потиснувале во изминатите неколку месеци ќе излезе на површина во втората половина од месецот, особено во делот и периодот околу младата Месечина (на 15ти). Идеален период за кратко патување, како и за познанства кои би ги стекнале на истите. Втората половина ќе биде одбележана и со можност за обновување на контакт со ичност од минатото која повторно ви се враќа во животот. Голем дел од дилемите кои ги имаат Девиците, ќе бидат расветлени при враќање од некое патување. Имено, овој месец би било штета за овие претставници доколку не отпатуваат, макар и на неколку дена.

Поволни датуми: 14,15,23 и 24.
Неповолни датуми: 2,3,29 и 30.

ВРАТИ СЕ НА ПРЕГЛЕД  – ХОРОСКОП