Како мајката, така ќерката | Trendseteri
Menu

Како мајката, така ќерката

„Deva Cassel“, ќерката на „Monica Bellucci“ во нова кампања на „Dolce Gabbana“


Преубава како мајкаси, „Monica Bellucci“ и привлечна како татко и, „Vincent Cassel“, тоа е „Deva Cassel“.

„Deva Cassel“ повторно е ангажирана во спот за новата колекција на „Dolce Gabbana“. А нејзината убавина, не може да остане незабележана.

Родени во Рим, а израснати во Франција, „Deva“ и нејзината помала сестра Леони секогаш живееле надвор од дофатот на папараците и медиумите. „Deva“ стана забележана во јавноста минатата година, кога нејзиниот татко постираше пост на Инстаграм преку кој и го честита роденденот.

„Deva“ има 14 години и зборува четири јазици. Исто како и помалата сестра „Leonie“, и „Deva“ живее далеку од рефлекторите, а нивната мајка „Monica Bellucci“ на секаков начин се обидува (и успева) да ја заштити нивната приватност. „Deva“ нема профил на социјалните мрежи и за разлика од другите деца на славни родители, таа не е „millennial“.

Останува да видиме, дали „Deva“, после уште една рекламна кампања на „Dolce Gabbana“, нема да зачекори по стапките на мајкаси, од модел до глумица.