Како да ја спречите појавата на мозолчиња после депилација?
Иако се здодевни, мозолчињата после депилација не се невообичаени. Бидејќи восокот ги отстранува несаканите влакна, тој го отстранува и горниот слој на кожата, што ги прави порите почувствителни, кои на тој начин доаѓаат во контакт со разни масти и нечистотија.
За среќа, со некои мерки на претпазливост, можете да ја спречите појавата на мозолчиња во иднина.
Чекор 1:
Пред депилација направете благ пилинг на местата коишто ќе ги депилирате со восок. Не смее да има шминки, нечистотија или мртви клетки од кожата.
Чекор 2:
Кога ќе се вратите дома, веднаш избришете ја депилираната површина со крпа натопена во течност со антибактериско и смирувачко дејство. Освен на овој начин, не допирајте ја свежо измазнетата површина на кожата со рацете.
Чекор 3:
Ако вашата кожа е црвена или иритирана, изладете ја неколку минути со мраз, а потоа нанесете крем за да се намали воспалението.
Чекор 4:
Избегнувајте топлина, пареа и облека 48 часа по депилацијата. Како што веќе рековме, дел од горниот слој на кожата се отстранува за време на депилацијата, што ја прави почувствителна на иритација и инфекции. Чувајте ја кожата чиста и стерилна по третманот со восок.
Чекор 5:
По неколку дена започнете со редовен пилинг за да го спречите ширењето на мозолчиња. Нанесете благ пилинг ако вашата кожа е почувствителна.
Што ако, и покрај сето ова, пак ви се прават мозолчиња? За да ги отстраните влакната во областа над усните, употребувајте тенки ленти со ладен восок, а во делот на бикини зоната употребувајте шеќерна паста, за која не се користат ленти, па според тоа, ова е помалку абразивна метода на депилација.