Светскиот ден на мајката – најважната личност во нашиот живот!  | | Trendseteri
Menu

Светскиот ден на мајката – најважната личност во нашиот живот! 

Светскиот ден на мајката – најважната личност во нашиот живот!

 

 

Денот на мајките означува ден кога се истакнува важноста и улогата на мајката во општеството. За разлика од меѓународниот Ден на жената, кој во целиот свет се слави на 8.март, денот на мајката во различни земји се слави на различен датум. Заеднички за сите земји е што го слават денот на мајката во втората седмица од мај. Иако се слави во различни денови, љубовта и благодарноста кон мајката која се искажува на овој ден, во сите земји е иста.

Врската помеѓу мајката и детето е незаменлива и никој не може да го завземе местото на мајката во животот на детето.

Таа е сè: мајка, најдобра пријателка, доктор, учител…

… не постои личност која може да ја замени, ниту пак постои личност која ќе ве сака и ќе ве гледа како што го прави тоа мајката. Мајката е дефинитивно најголемиот заштитник на детето, таа игра огромна улога во неговото растење и развивање како личност и како таква, нејзината љубов е и повеќе од важна во емоционалната стабилност која се развива кај детето. Што е најважно, кога станува збор за мајките, нема потреба од зборови. Тие можат да го почувствуваат тоа што вие го чувствувате и ќе најдат начин да ви помогнат како што никој тоа не може да го направи.

Таа е најважната личност во нашиот живот!

Денот на мајките им го честитаме на сите мајки и им пожелуваме долг и среќен живот.

Mесец на Раковите

Месец на Раковите
DejaVu Capitol Mall