Дурекс ќе произведува фармерки – DurexJeans | | Trendseteri
Menu

Дурекс ќе произведува фармерки – DurexJeans

Дурекс ќе произведува фармерки – DurexJeans

 

 

Најпознатиот бренд на кондоми, Durex, денес ги преплави социјалните мрежи со својата објава на Твитер. Компанијата влегува во модната индустрија, односно ќе произведува фармерки DurexJeans. Фармерките ќе се најдат во продажба неделава, а ќе ги промовира бренд амбасадорот на Durex India, популарниот актер од Боливуд – Ранвир Синг.

„Ги имаме најдобрите дизајнери да ги направат најдобрите можни фармерки, притоа задржувајќи го стилот на кондомите Durex Jeans, како и заштитната сина боја и нежната текстура на површината, која на фармерките ќе им даде цврстина и еластичност. Тоа се главните елементи кои ќе направат да се чувствувате моќни и задоволни кога ги носите“ порачаа од компанијата.