Црната Барбика го освојува светот на модата | Trendseteri
Menu

Црната Барбика го освојува светот на модата

Даки Тод денес е заштитно лице на многу брендови


Благодарејќи на нејзиниот специфичен изглед, темна кожа и лице како кукла, Даки Тод го доби нејзиниот надимак „Црна Барбика“. Иако моментално е една од најбараните лица во модната индустрија, тоа не било од секогаш така.

Родена е во Јужен Судан и порано имала многу маки заради својот изглед, а истото се случило и во шоуто Австралиски Топ Модел, каде што победува.

Таму стилистите ја критикувале затоа што не знаеле што да прават со нејзината коса, а публиката на почетокот мислела дека не е природна, дека има направено естетски зафати и дека ги ретушира фотографиите.

На Даки и требале 2 години да си ја врати самодовербата и повторно да го работи она што го сака. Сега ниже успеси и ужива во својата работа.

Photos: instagram/@duckieofficial

Минатата година во декември беше дел од ревијата Викторијас Сикрет, каде што ја воодушеви публиката.