Coka Cola – Limited Edition | Trendseteri
Menu

Coka Cola – Limited Edition

 

Coca Cola® Србија со лимитирана едиција

 

Првпат на српскиот пазар, “Кока-Кола” оствари соработка со локалните уметници, кои осмислија шест целосно уникатни шишиња, овозможувајќи им на љубителите на овој пијалак сосмеа ново доживување. Браќата Буразер, Артез, Линч, Никола Михајловиќ-Кори, Вук Ќук и Братислав Миленковиќ беа инспирирани од сетилата што учествуваат во конзумирање на Кока-Кола, како и од своето лично доживување на најпознатиот светски бренд.

Оваа единствена ограничена серија на шишињата на Кока-Кола на јавноста и беше претставена на голема забава на Дорќол плац, пред бројни уметници, дизајнери, познати личности, партнери и пријатели на компанијата. Колекцијата беше прикажана низ автентични аудиовизуелни материјали, кои го покажуваат процесот на настанување на шишето и работата на уметниците кои беа вдахнати од сензациите што се јавуваат при пиењето на славниот пијалак. Лимитираната серија на дизајнираните шишиња Кока-Кола беше во продажба ова лето во одбрани угостителски објекти низ Србија.