CITROËN C3 AIRCROSS | Trendseteri
Menu

C3 AIRCROSS

Шизик на терен и улица – Новиот „CITROËN C3 AIRCROSS“

 

Новиот C3 AIRCROSS се истакнува со својата оригиналност во сегментот, благодарение на мускулестите линии на предниот капак на моторот кој што е висок и краток. Ваквиот изглед остава впечаток на издржливост и енергичност, а се наметнува над патот со својот светлосен потпис напред и назад кој со својата хоризонтална избалансираност го ослободува од секаква агресивност.

Овој SUV го превзема препознатливиот графички потпис на Citroën со светлосен систем на две нивоа. Светлосниот потпис е најновата креација потпишана од марката – со што дополнително се вреднува идентитетот и припадноста на марката.

Назад, мускулестите премини на тркала на C3 AIRCROSS го потенцираат типичниот изглед на еден SUV. Светлата назад во 3D ефект го будат семејниот дух присутен кај Новиот C3 и concept car C-Aircross.

Технологија и покана на незаборавна авантура со богатата гама на прецизни и ефикасни мотори од најновата генерација. Овој SUV ги има на располагање бензинските мотори PureTech (82КС, 110КС и 130КС) и дизел мотори BlueHDi (100КС и 120КС).

Автоматскиот менувач EAT6 со систем Stop & Start е на располагање кај бензинскиот мотор PureTech 110, а пак механичкиот шестостепен менувач е понуден кај бензинскиот мотор PureTech 130 и дизелот BlueHDi 120.

За повеќе информации обрати се на твојот Citroen дилер во твојата близина или на веб страницата на  CITROËN:
Автонова Скопје – 02 3093 001 / Битола – 047 208 288 / Струмица – 034 323 040

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите