Синди Крафорд изгледа беспрекорно и во најобична комбинација | Trendseteri
Menu

Синди Крафорд изгледа беспрекорно и во најобична комбинација

Безвременска убавина и елеганција

 

Тешко е да приметите затоа што секогаш изгледа како одамна времето да застанало за неа, но топ моделот Синди Крафорд има полни 52 години и сеуште го предизвикува оној чудесен ефект каде и да помине сите погледи да се свртени кон неа.

Неа не и треба гламурозна тоалета, ниту еротски нагласено деколте и кратко здолниште. Најобичен пар фармерки, бела кошула и палто неа и се повеќе од доволно да измами воздишки.

Баш таква фотографите ја уловија како си оди од ручек во Малибу.
Зборови не се потребни, фотографиите кажуваат се!