Малиот "Кики" со срце од Лав | Trendseteri
Menu

Малиот „Кики“ со срце од Лав

Кристијан „Кики“ Воденски најмладиот „MMA Fighter“ во Германија

 

На возраст од само 11 години, Кристијан Воденски со потекло од Македонија  е најмладиот Mixed-Martial-Arts борец во Германија. Роден на 27. септември 2005 год.,  помлад брат на Мелани и син на Ванчо и Софче Воденски е на прв поглед само една младо дете кое се бави со боречки спорт, но има повеќе од 50 меѓународни титули во различни боречки спортови.

Сепак, малиот Кристијан се концентрира на вештините на ММА. Тоа е комбинирана борба од Теквандо, Карате, Кикбокс и борење. Најпознатиот MMA Fighter на денечницата е ирецот Conor McGregor кој е исто така најголемиот идол на Кристијан по татко му Ване.

Уште од неговата 4та година, Кристијан се одлучил за боречки спорт откако присуствувал на Карате такмичења на неговиот татко.  На 5 гоишна возраст, Кристијан почнал со вештините на Теквандо и постанал во истата годниа Вицешампион на европското првенство во Теквандо.

На возраст од 6 години не го задоволувале вештините на Теквандо и започнал со Кикбокс и борење. Сега, со 11 години е цврст дел  од ММА сортот во Германија со свој спонзор и огромна почит од неговите постари „соброци“.

Регионални, национални и интернационални ТВ канали емитуваат за Кристијан. Исто така го има во спортскиот дел на најтиражниот германски дневен печат „Bild“. Со повеќе 0д 85 илјади фанови на Facebook е малиот Кристијан, голем спортист.

Иако во Германија роден, потеклото од Македонија гордо го искажува. Редовно го посетува, како што вика „своето Русино“ – Струмичко. На сите негови борби учествува како Македонец со истакнато македонско знаме. Но дали ќе остане тоа така по понудата од страна на спонзорите од 1 милион Евра за да се бори како Германец со германско државјанство ќе дознаеме наскоро.

За наредната борба во Украина за која е Кристијан моментално во подготовки му посакуваме многу успех т.е. прво место