РАСПРОДАДЕНО!!! Најпродаваните чизми во 2018 | Trendseteri
Menu

РАСПРОДАДЕНО!!! Најпродаваните чизми во 2018

 

Питон кожа, каубојки и кроко ефект го зазимаат водечкото место кога е во прашање чизми есен/зима 2018

 
Тие ни се потребни 24/7, а се покажаа и како добра инвестиција која од сезона во сезона се покажа како исплатлива.
 
Оваа сезона видовме многу модели помеѓу кои најмногу доминираше питон принтот, по него се каубојките и кроко ефектот.
 
Balenciaga лансираше неколку модели кои со брзина на светлината станаа хит, особено шпицастите миди чизмички со лого тока.
 
Погледнете ги моделите по кои трендсетерките лудуваат.
 
 
1. Balenciaga BB
Претставува спој на се она што беше убаво во 80 тите години: лого, поширок дел околу глуждот и преден дел кој завршува со шпиц.
 
 
2. Chloe Rylee
Sienna Miller, една од холивудските стилски икони ги прошета овие чизми и веднаш станаа популарни и сеуште се, веќе втора сезона. Постои целосно црна варијанта, питон кожа и „nude“…
 
 
3. Isabel Marant Sandy
Во боја на песок, по која и го добија името, но има и црни… Овие каубојки со должина до колена најубаво се комбинираат со црни хеланки и етно фустани…
 
 
4. Calvin Klein TEX
Уште едни каубојки, но овај пат изработени од лакирана кожа со метален шпиц, потпишани од Raf Simons.
 
 
5.By Far Este
Овој модел е исклучително баран од брендот By Far. Гласаме за кроко варијанта во боја на коњак.