Casa Cubana – Почувствувајте го вкусот на Карибите | Trendseteri
Menu

Casa Cubana – Почувствувајте го вкусот на Карибите

Casa Cubana – Почувствувајте го вкусот на Карибите

 

Бидете дел од најлудите забави во стилот на Куба, со ритмови, музика и движења помешани со оригиналниот вкус на латино салса и почувствувајте ја енергијата и атмосферата која едноставно ќе ве остави без зборови. Дали сте за кафе или коктел, или да уживате во кубански и меѓународни рецепти направени за вашето задоволство, Casa Cubana е вистинскиот избор за вас.  Casa Cubana е местото со најкомплетна неделна програма од Среда до Недела со дневни и ноќни журки кои ги сплотуваат сите љубители на лaтинo ритaмoт, Зумбaтa и едноставно луѓето кои сакаат добро да се забавуваат и да се дружат. А кој не би сакал нели?

Во нашиот разговор со менаџерот Марко Поповски тој ни истакнува дека Casa Cubana е местото каде што секогаш има позитивна енергија и луѓето се насмеани и задоволни од забавите кои тие ги прикажуваат.

“Тука луѓето се среќни, навистина се среќни, насмеани и сите се забавуваат. Тие ја прават позитивната енергија и атмосфера, а тоа сите нас како тим не исполнува и се гордееме со тоа. После секоја наша забава ние сме мотивирани да направиме нешто ново, нешто поинакво, да бидеме различни од другите и луѓето го сакаат тоа” – изјави Марко Поповски за Трендсетери.

Casa Cubana е вистинското место да ја почуствувате Куба. Убаво место за добри дружби и забави. Се наоѓа во строгиот центар на градот. На кејот на Вардар.

Телефони за резервации: 078- 54 91 91, 072-311 792