Најголемиот пролетен тренд во светот на убавината | Trendseteri
Menu

Најголемиот пролетен тренд во светот на убавината

Тренд кој нема да нè одмине


Еден од најголемите трендови во светот на убавината, оваа пролет ќе биде светлуцава, блескава кожа, по што и терминот „buttery skin“.

Овој термин во буквален превод значи „путер кожа“, што значи дека кожата е сјајна и клучните точки на лицето се добро блескави.

Со цел да се постигне ова, од суштинско значење е кожата да биде соодветно негувана, релаксирана и да нема зголемени пори или „сиви“ нијанси. Со тоа, овој тренд првенствено се за дамите со мазна кожа која е одлична подлога за „путер кожа“.

Ова име се користи затоа што делови од лицето треба да изгледаат толку сјајна – како некој да ги обложил со путер. Овој ефект се постигнува со користење на т.н. хајлајтер (осветлувач или илуминизатор) во форма на крема.

Експертите советуваат на третман на лицето со чистење со пилинг и креми кои содржуваат витам Ц и ретинол.

Една од тајните на успешно нанесената шминка е правилното контурирање на лицето, но исто толку важно е правилното користење на „хајлајтер“, со кој се нагласуваат одредени делови на лицето.

Еве како се нанесува „магијата“  на вашето лице:

  1. Исчистете го лицето со соодветен тоник за чистење. Потоа нанесете хидративна крема и чекајте целосно да ја апсорбира кожата.
  2. Нанесете го правот со прстите и внимателно нанесете го со во тенок слој. Ако сметате дека е неопходно, додадете уште еден потенок слој.
  3. Потоа нанесете го „хајлајтерот“  на образите, над веѓите, околу очите и над усните. Се препорачува  да се нанесе со четка за сенка, со што ќе добиете поприроден ефект.