Bradley Cooper и Lady Gaga освојуваат | Trendseteri
Menu

Bradley Cooper и Lady Gaga освојуваат

„Ѕвездата е родена“ – Bradley Cooper и Lady Gaga ги воодушеви гледачите

 

Филмот во кој главните улоги ги играат Bradley Cooper и Lady Gaga ги воодушеви гледачите, но освен филмските кадри, онемеа и од музиката. Оваа филмско-музичка двојка моментално се на прво место по слушаност а и на Билбордовиот албум. Саундтракот на филмот „Ѕвездата е родена“ се најде на прво место на „Billboard 200“ во САД и тоа само неколку дена откако е објавен.

Песната „Shallow“ во која глумецот Bradley Cooper запеа заедно со Lady Gaga за две недели е прегледана повеќе од 40 милиони пати, а нивниот филм во кој ги играат главните улоги е сериозен кандидат за Оскар. Тоа би биле големи вести, затоа што ова е прво вакво искуство за Bradley, а за Lady Gaga прва голема филмска улога.

Слушнете го саундтракот, а филмот „Ѕвездата е родена“ можете да го погледнете веќе во кино.

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите