Нов омбре тренд, кој мора да го пробате | Trendseteri
Menu

Нов омбре тренд, кој мора да го пробате

По сите смели трендови на боење, пристигна еден кој ќе го обожавате


Се работи за нова омбре техника, која ја осмисли еден од најпознатите британски фризери Џек Ховард. Со оваа техника се третира помал дел од косата, отколку кај останатите омбре техники, а крајната цел е да се постигне природно исончан изглед на косата.
 
Овој тренд е моментално најпопуларен помеѓу моделите и трентсетерките. Целта е да се опкружи лицето со посветли, ситни прамени и само да се нагласат врвовите на остатокот од косата- вели Ховард.

Она што е исто така прекрасно, оваа техника функционира баш на сите типови и бои на коса, затоа што е многу лесно изводлива и има природен изглед.