Новото BMW 8 - купе | Trendseteri
Menu

Новото BMW 8 – купе

Господинот меѓу спортистите

 

Новото BMW 8 купе го отелотворува она за кое BMW иконите отсекогаш биле препознатливи. Ја спојува агилноста на спортско возило со појавата на еден господин. Концентрирана моќ поврзана со модерен луксуз. Перфектна динамика со безвремена елеганција.

BMW 8 купе импресионира со неговата елегантна,  ниско поставена силуета. Прецизни линии и затегнати, мускулни површини ветуваат веќе на прв поглед неверојатно задоволство при вожњата. За BMW препознатливи отвори за ладење т.н. „бубрези“ кои се прошируваат во надолна линија го истакнува ниското тежиште и  фарови кои се фокусирани на улицата на која ќе лебди ова купе.  Ова елегантна моќ продолжув и во внатрешноста на возилото. Динамичност споено со елегантни и одбрани материјали кои го комплетираат ексклузивниот амбјент.

Трендсетери дознава дека BMW 8 купето, кое се тестира веќе во Германија и се појавува во познатото  црно- бело маскирање за нови возила,  ќе биде изложено во септември на автомобилскиот саем во Франкфурт, се очекува да се пушти во продожба на пролет во 2018та година.

Погледнете го новиот убавец во кругот на спортистите