BMW X7 | Trendseteri
Menu

Новиот BMW X7

BMW 7 во облик на SUV

 

BMW започна со производството на серијата Х7. Под мотото  …пошироко, повисоко и подалеку, BWM со Х7 ќе биде голем конкурент на Audi Q7 и моделот GL на Мерцедес.

Првите сопственици ќе имаат крај на 2018та год. прилика и задоволството да ја искусат новата серија на BMW. Со Х7, BMW ја пополнува понудата на нивните модели во ексклузивниот дел.

Со должина од 5,20, Х7 ја надминува Х5 со 30 цм и овозможува, исто како и кај конкурентите, додатни 2 седишта во задниот дел на возилото.

Понудата на агрегатите ќе бидат првично со 3 литри – 6 цилиндри и 320 кс и 4,4 литри V8 Би-Турбо со 462 кс. И двата агрегата со опција за хибрид верзија. BMW не предвидува 12 цилиндри на овај модел.

Доколку сака некој да го нарече овај SUV како сопствен, ќе треба да биде спремен да потроши 0д 130.000 евра.