Хороскоп - Близнаци | Trendseteri
Menu

Хороскоп – Близнаци

Љубовен хороскоп за Близнаци – месец март 2018та

 

Близнаци 21.05 – 21.06

На вечните деца во зодијакот, овој месец им носи нагли промени во полето на љубовта, како и лекции кои ќе бидат „принудени“ да ги совладаат. Марс низ вашето поле на партнерски односи носи прекин на оние врски кои немаат стабилност, проблеми во оние кои немаат време да ги решаваат пречките низ кои веќе 2 месеци поминуваат, но и незаборавни, кратки авантури на оние кои се слободни. Имајте на ум декаврските започнати под тразит на Марс се обично бурни, страствени, но и полни со тензија, посесивност и љубоморни испади. Неретко Марс во ова поле носи и јавни скандали проследени со последици во емотивните односи. Слободните претставници може да запознаат интересни ликови преку работа, а голема е веројатноста да се родат и емоции на релација вработен – претпоставен. Полната месечина на крајот од месецот носи кулминација на настаните во емотивниот живот токму во поле на љубов, со самотот тоа и разрешување на дилемите во истиот.

Поволни датуми: 13,14,23 и 24.
Неповолни датуми: 3,4,16 и 17.

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите