Биди жена која ти сакаш да бидеш | Trendseteri
Menu

Биди жена која ти сакаш да бидеш

Не се плаши да бидеш жената која прави што сака


Дали постојано ги избегнувш борбите за работите што ги сакаш и се плашиш да не потфрлиш пред очекувањата на другите од тебе?

Време е да излезеш од овој затворен круг и да се спасиш себеси. Не плаши се да бидеш жената која го прави тоа што го сака.

Навистина е истоштувачко и болно постојано да се трудиш да се вклопуваш во нечиј модел. Не смееш да го изгубиш својот идентитет, само за да бидеш личност каква што сакаат другите да бидеш.

Сите имаме само еден живот за живеење. Не е работа на другите луѓе да се грижат што правиш ти во животот. Можеби нема да биде секогаш лесно за тебе, но токму тоа го прави животот возбудлива авантура.

Потребна е храброст, емоционална и ментална сила и самодоверба за да успееш да ги игнорирш обидите на луѓето да те претворат во нешто што не си. Потребна е голема љубов кон себе за да останеш глува за нивните пораки кои ти вршат пропаганда врз мозокот.

Откако ќе се ослободиш од стравовите, од несигурностите и од школката, конечно ќе дишеш слободно и ќе почувствуваш како срцето ти пее.

Осмели се да направиш промена. Исправи се и донеси одлука.

Биди жената која не се плаши да граба по тоа што го заслужува. Осмели се да зборувш гласно, да сервираш поинакви ставови, да го промениш светот.

Ти си светлост со причина. Па, продолжи слободно да блескаш!