Хит боја за оваа сезона | Trendseteri
Menu

Хит боја за оваа сезона

Ова лето ќе доминира белата боја


Иако силните бои доминираат оваа пролет, во романтичните комбинации за топлите денови посебно место имаат и неутралните бои, на чело со белата.

Силните бои им годат на сите после долгата зима и потемните нијанси, но одвреме-навреме, секој девојка посакува да облече нешто бело што ја прави комбинацијата лежерна и класична. Во деновите кога сакате разигран, романтичен и женствен изглед, без двоумење одберете нешто бело.

Белата е одлична поради нејзината едноставност, а е најдобар избор и за елегантните, класични и луксузни вечерни комбинации во топлите денови.