Beckham & UNICEF | Trendseteri
Menu

Дејвид Бекам со нов филм за УНИЦЕФ

Насилството ги обележува децата засекогаш

 

Новиот филм во кој настапува амбасадорот на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам ја нагласува потребата да се стави крај на насилството врз децата. Секои пет минути, како резултат на насилството умира по едно дете.

Филмот започна да се прикажува денес, за да ја илустрира бруталната реалност за физичката и психичката злоупотреба која може да ги обележи децата засекогаш. Во новиот краткометражен филм на УНИЦЕФ, сцени од насилството врз децата се појавуваат како анимирани тетоважи на телото на Дејвид Бекам. Додека личните тетоважи на Бекам се белези избрани да претстават среќни или важни спомени, милиони деца носат белези кои неги избрале: долготрајни лузни од насилство и злоупотреба.

Анимациите во филмот ги прикажуваат сите пречести форми на насилство кои момчињата и девојчињата ги трпат на места каде што треба да се безбедни – дома, на училиште, на интернет и во заедницата.