"Avicena" женска трка 2018 | Trendseteri
Menu

„Avicena“ женска трка 2018

„Avicena“ женска трка 2018″ одржана во Градскиот Парк со рекорден број на натпреварувачки

 

Брзото секојдневие придонесува жените да имаат се повеќе обврски, а се помалку време да обрнат внимание на себе и своето здравје. Вежбањето и физичката активност не смеат да бидат запоставени, а водењето на здрав живот мора да биде примарна цел за сите нас.

Ова беше пораката која повеќе од 1700 жени ја испратија од Градскиот парк во Скопје, каде предпладнево се одржа петтата Авицена женска трка, која се одржува како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2018. Организатори на трката се Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје.

На оваа трка која секоја година добива се поголема популарност и масовност, се напреваруваа рекордни 1700 натпреварувачки, а оваа година Авицена Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.

И оваа година на програмата се четири трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трката од пет километри. Трката е во должина од 2 километри и медали и дипломи беа доделени за 3-те најдобри натпреварувачки во повеќе возрасни категории, и тоа за возраст до 12, 14, 18, 30, 40, 50 и над 50 години.

Главниот спонзор „Виз Ер“ и годинава на сите учеснички им додели вредносен ваучер од 20 евра за купување авионски билети преку нивната официјална страница. Оваа година како партнер исто така се јавува и „Парк Хотел и Спа“, кои се погрижија натпреварувачките за „Авицена Женска трка“ да добијат подарок од „Фитнес и Спа“ и ексклузивно место каде ќе се сместат елитните тркачи за „Виз Ер Скопскиот маратон“ и ред други вредни награди.

Сите пријавени учеснички на трката добија подароци од спонзорите на настанот, а беше организирана и лотарија за сите учеснички, при што најсреќните си заминаа дома со бројни подароци обезбедени од пријателите на трката.

Најдобрите три натпреварувачки во генералниот пласман добија награди, медали и дипломи, а награди имаше и за најдобрите три во неколку категории.

Трите најдобро пласираните Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска, според Gun Time, добија вредни награди.

 

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите