Совршена и со вишок килограми | Trendseteri
Menu

Совршена и со вишок килограми

Неодолив фустан за жени со облини


Ешли Грахам го освои модниот свет со своите облини и самоувереност. Познатиот модел не избегнува да облече што ќе посака и сепак изгледа феноменално. Еве како да заблескате како неа.
 
Таа привлече внимание и на едно случување неодамна во Њујорк. Овој пат заблеска во модерен жолт фустан, кој во преден план ги истакна нејзините облини.
 
Таа важи за еден од најплатените модели на денешницава која кариерата ја изгради токму со својата „несовршеност“.
 
Фустанот кој таа го одбра за овој настан на најдобар можен начин ја истакнува нејзината фигура, без вулгарност и невкус, а одлично стои на жени со било какви облини.

Photos: Profimedia