Оваа апликација го троши најголемиот дел од вашиот интернет | Trendseteri
Menu

Оваа апликација го троши најголемиот дел од вашиот интернет

Компанијата „Sandvine“ ги истражи нашите навики околу „паметниот телефон“


Компанијата „Sandvine“ претстави анкета во врска со односот на мобилни апликации и мрежниот сообраќај постигнат преку мобилни уреди. Оваа апликација го троши најголемиот дел од интернетот на вашите мобилни телефони.

„Youtube“ е одговорен за најголемиот дел од регистрираниот сообраќај и има учество од 37% во вкупниот регистриран сообраќај.

На далечното второ место е „Facebook“ со учество од 8,4%, додека на трето место е „Snapchat“ со 8,3%, како што изјавуваат од „Sandvine“. „Instagram“ има удел од 5,7%, додека само „сурфање“ на интернет учествува со 4,6%.

„Whatsapp“ има удел од 3,7%, „Facebook Video“  2,5% во вкупниот промет, следен од „Netflix“ со учество од 2,4%, а Apple-овиот „AppStore“  2,1%, додека  „Google Play“  корисит  1,9%.