Антониа Гиговска кога пее, едноставно ви "влегува под кожа" | | Trendseteri
Menu

Антониа Гиговска кога пее, едноставно ви “влегува под кожа”

Младата пеачка со нејзиниот глас и убавина ќе го освои Светот

 

 

Ретко кој не би останал маѓепсан од нејзиниот прекрасен глас чија специфична боја веднаш се препознава. Нејзиниот живот го трасира музиката, што досега ја донесе до врвот кој може да го постигне една исклучително вокално талентирана девојка како што е младата Антониа Гиговска. Таа едноставно владее на сцената, нејзината енергија во спој со талентот и харизмата, ја прави да биде оригинална и голем капацитет не само за македонската, туку дури и за светската музичка сцена.

Пред поголемата популарност која ја стекна во регионалното музичко шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде беше меѓу финалистите, Антониа  до својата 16 годишна возраст има освоено осум победи на меѓународни фестивали, три први места, а петпати ја добила и највисоката Гран-при, како и онаа за најдобар дебитант на Макфест и награда од публиката.

Антониа ја има и главната улога во мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, каде со нејзиниот настап едноставно блесна на сцената и не остави никого рамнодушен во публиката. Овој мјузикл ќе доживее и балканска турнеја, која воедно е дел од големата агенда за 2017 година на оваа наша млада пејачка.

 

Антониа неодамна го освои и првото место на државниот музички натпревар помеѓу средните школи кој се случи во Кавадарци каде настапи со песната “And I’m telling you”.

Во продолжение слушнете ги “Тајно моја” и “Полско цвеќе” нејзиниот настап на премиерата на мјузиклот “Тајно Моја”, верувајте, ќе се наежите!

"Tajno moja" (live performance) by Antonia Gigovska

Posted by Tajno moja – musical on Mittwoch, 19. April 2017

"Polsko cvekje"- Antonia Gigovska @ "Tajno moja"

Posted by Goran Naumovski on Mittwoch, 17. Mai 2017