Како да носите "animal" принт оваа есен | Trendseteri
Menu

Како да носите „animal“ принт оваа есен

Комбинации за најсмелите модерни дами

 

Животинските принтови можеби не ви се едно од омилените парчиња облека, меѓутоа неспорно спаѓаат во безвременските дезени. Тоа го докажуваат многу дами кој не се откажуваат од нив, а воедно и брендови кои во секоја своја колекција без оглед на трендот провлекуваат макар и минимални детали од овој дезен.

Оваа есен во својата понуда го вклопија модните куќи како „Burberry“, „Altuzarra“, „Marc Jacobs“, „Erdem“ и многу други, па голем дел од „уличната“ мода повторно припадна на овој смел дезен, кој никогаш не го пратела некоја добра репутација.

Напротив, „аnimal“ принтот, обично го поврзуваме со кич и отсуство на стил.

Меѓутоа не е така ужасен и не препорачлив, докажаа горенаведените модни куќи.За негово вклопување треба да знаете неколку трикови:

Кога сакате да биде ваше главно оружје

Доколку сакате да бидете во центарот на вниманието, тогаш за вас е капут во „animal“ принт. Целосно црна комбинација, докажа дека е полн моден погодок доколку ја надополните со ваков капут.

Кога сакате да биде тренди парче, а да не сте упадливи

Здолниште во овој принт, еднобојна блуза и балетанки е изборот да изгледате слатко. Доколку сакате да добиете секси изглед, тогаш ова здолниште ќе го искомбинирате со прозирна блуза (еднобојна) и салонки.

„Animal“ принт во вид на детаљ

Оставете ги вашите чевли на страна и инвестирајте во едни хит чизми (рамни или со потпетица). Така неутралниот и тмурен зимски изглед ќе го освежите со овој детаљ, а ке изгледате потполно „in“.

Зошто еден, кога и два вакви детали не би наштетиле

Така на пример би изгледале совршено доколку вашиот изглед го заокружите со модерни очила и мала чанта во „animal“ принт. Иако се два детала се докажува правилото дека помалку е повеќе.

Во вид на основно парче облека

Елегантна блуза или џемпер со овој принт е нешто што мора да го имате оваа сезона во вашиот плакар.

Four - Духот на италијански специјалитет

Mесец на вагата

Месец на Раковите