Невоспитани луѓе имаат агресивни и диви деца | Trendseteri
Menu

Невоспитани луѓе имаат агресивни и диви деца

Распуштените деца имаат распуштени родители

 

Родителите ги испуштаат од раце своите деца од различни причини, незрелост, неодговорност, развод или болест што е и небитно. Битно е дека таа состојба децата ја користат за својот безобразлук. Распуштените деца се голема опасност за мирните и воспитанни деца со тоа што ги малтретираат и омаловажуваат.

Воспитаните деца, не можат сами да се справат со простотилакот на распуштените деца. Неможат затоа што се воспитани и затоа од страв се повлекуваат. Така започнува расипување на дружбата.

Наставниците исто така не можат сами да се справат со распуштени деца, затоа што доаѓа до директен судир и со детето и со родителот. Наставниците некогаш беа под заштита на државата, а сега секој може да им запрети со бркање од работа.

Распуштените деца можат да прават што сакаат во училиштето, да ги злоставуваат сите, тие се неукротливи и никој не им може ништо. Мама или тато веројатно се исти, нечии галеничиња и од сопствените деца прават монструми.

Воспитаните деца седејки на страна чекаат помош од родителите кога се во судир со лошотилокот на другите деца. Затоа што како што кажавме ниту самите, ниту наставникот може да делува. Така да родителите се приморани да ги учат своите воспитани деца на некој начин да се бранат. Тоа ќе им треба и за понатака во животот, за да можат да се справат со злобните и себични друштва.

DejaVu Capitol Mall

Mесец на стрелците

Месец на скорпиите