Аца Лукас стана дедо! | Trendseteri
Menu

Аца Лукас стана дедо!

Нека е жива и здрава: Аца Лукас стана дедо!

 

 

Познатиот фолкер, Аца Лукас за прв пат стана дедо. Неговата ќерка Милијана вчера се породи во Белград и на овој свет ја донесе Миња, која е тешка 3 килограми.

Милијана е најстарата ќерка на Аца Лукас  и неговата поранешна сопруга Светлана, а веста на фолкерот му ја соопштија за време на неговиот настап на една свадба во Берлин.

“Во Берлин сум на настап и пресреќен сум. Ќе почнам да славам само што ќе заврши свадбата” – изјави Аца Лукас за српските медиуми.

Потоа следеше и честитка од прекрасната Катарина Живковиќ која беше на свадбата во Берлин. На истата свадба присуствуваа уште неколку колеги од српската естрада, како Цеца и Џани.

“Честитаме дедо” – напиша Катарина.