Аца Лукас направи вистински спектакл во Скопје | | Trendseteri
Menu

Аца Лукас направи вистински спектакл во Скопје

Контроверзниот турбофолкер ја преполни салата Борис Трајковски

 

 

Балканската мега ѕвезда, Аца Лукас одржа уште еден голем концерт кој е дел од неговата балканска турнеја и слободно можеме да кажеме дека е во категоријата најлуди журки на Балканот. Нешто повеќе од два часа журка со Аца Лукас, време и хитови сосема доволни салата Борис Трајковски да биде пополна од кога и да било до сега.

Очекувано салата преполна со фанови, но и со скопски џетсетери кои баш никогаш не слушаат турбофолк. Освен своите добропознати хитови, кои публиката ги отпеа наизуст, Аца во репертоарот вклучи и дел од омилените рок теми, а падна и македонската “На сред село чешма шарена” за која специјално застана на тапани и заедно со бендот ја отсвири. Вистински спектакл и журка за паметење.