Среќен 8ми март | Trendseteri
Menu

Среќен 8ми март

Лажна слава, или бегство од реалноста


Меѓународен ден на жената, светски празник што се одбележува на секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

За тие права се бореле Клара Цеткин и Роза Луксембург уште во далечната 1910 година.

За жал и по повеќе од 100 години тие права се само законски регулирани во Македонија.  Благодет на денот на жената чувствуваат воглавном угостителите.  Борба за место повеќе во кафеаните каде што жените имаат прилика да излезат од реалниот живот. Тој еден ден на кој се заборава потиснатата жена во себе.

Голем дел од жените во Македонија немаат морално право да го прославуваат тој ден. Потиснати и безгласни жени. Жени кои живеат во лажен живот со лажни вредности. Жени кои се во лажни бракови затоа што е срамота да се направи промена. Бракови склучени поради икс причини. Едните во брак поради родителите. Другите поради времето што наводно ги згазило. Најжалосно е за оние кои поради бременоста  биле принудени на таков чекор.

Жени кои не живеат. Жени кои вегетираат. Вегетираат во и по туѓи желби. Жени кои не намераваат да излезат од комотната зона за подобар живот.

Жените кои го прославуваат тој ден како нивни, можеби и не заслужуваат да бидат почитувани како жени и во останатите 364 денови во годината.

Најверојатно е и тоа причината зошто не се става посебен акцент во останатиот свет за тој ден, каде жените навистина застапуваат личности, сопствени вредности и  го живеат сопствениот живот повеќе отколку еден ден во годината.

Среќен 8ми март