7-те најголеми грешки со диети | Trendseteri
Menu

7-те најголеми грешки со диети

7-те најголеми грешки со диети

 

Прво нешто што мора да знаете е дека добар изглед, енергија и здравје не е лесна задача. И нема ништо лесно. Ако беше лесно немаше да има огромен број на луѓе кои се мачат со вишок на килажа и со здравствени проблеми. Постојат многу “брзи” и “лесни” начини како тоа да го направите, но ако почнеме да броиме калории што внесуваме, да броиме калории што трошиме, да внимаваме на времето, да се воздржуваме кога сите други јадат, да бидеме константни, да поченеме со вежбање итн. ќе разбереме дека тоа се и оние работи од кои што и најчесто луѓето се откажуваат и/или враќаат килограми.

И, на сето тоа ако го додадеме моментот дека постојат многу нутриционисти, советници, тренери и компании кои својата диета, продукт и начин го промовираат како најдобар, тогаш доаѓаме до шах мат позиција и не знаеме кој пат да го фатиме па најдоброто решение ќе биде: “еднаш се живее”. Следниве 7 работи се најчести и заеднички за луѓе кои “никако не можат да ослабат”

  • Кратење и прескокнување оброци. Многу луѓе мислат дека со тоа што ќе прескокнат оброк или меѓуоброк ќе скратат на калории и ќе ослабнат, но вистината е дека ќе дојде до прегладнување и се разбира прејадување. Кратење калории е најдобра стратегија за дебелеење и доаѓање до заклучокот “вода пијам и ми си фаќа”. Оброците треба да се распоредени на не повеќе од 4 часа.
  • Немање доволно протеини. Често се случува да мешате здраво со правилно, или пак следите некој начин на исхрана кој што има овошни денови, само овошје во првиот дел од денот, само зеленчук можеби и слично. Со тоа се случува да се изоставува протеинот што всушност е најголемиот убиец на глад — поголем и од масти и од јаглехидрати.
  • Немање доволно јаглехидрати. Уште една погубна стратегија е нејадење на јаглехидрати и/или шеќери затоа што така побрзо ќе ослабеш и шеќерите се криви за салото. Со избегнување на јаглехидрати воедно избегнуваш и многу здрави јаглехидрати кои ги има во овошјата и зеленчукот, а заедно со нив избегнуваш и многу антиоксиданси и растителни влакна кои се клучни за одвивање на процесите во телото.
  • Лажење на сам себеТоа што на прашањата: дали пиеш сок, дали јадеш благо, колку кафиња пиеш, колку вода пиеш и слично одговараш со ДА, НЕ или НЕ МНОГУ, не значи дека си вистиснки свесен навистина што правиш во твојот ден и како се храниш. Почни да водиш дневник за твојот ден во рок од 21 ден и ќе ја видиш реалноста.
  • Подлегнување на “здрав маркетинг”Доколку во маркет видиш етикета на која пишува “healthy ” ”wellness” ”no sugar” ”source of health” “source of protein” “vita” “fit” “fitness” “sport” и најразлични фрази, не значи дека е всушност и здраво.
  • Менување се’ одеднашАко си решил/а да почнеш промена не менувај се одеднаш. Обично луѓето во исто време почнуваат диета, пијат вода многу, одат на вежбање, уплаќаат третман, не одат на забави и друштвени собири итн. Премногу промени одеднаш не е можеби најдобрата стратегија. Прашај се дали реално имаш капацитет да го поднесеш сето тоа одеднаш и дали можеби ќе речеш “налет” после само 3 недели :).
  • ОчекувањаТоа што ти мислиш дека треба да ослабеш за 3 месеци и тоа што ти очекуваш некаква бројка на вага е само одлична основа да се разочараш. Остави ги бројките, остави го времето, остави ги другите и уживај во играта и процесот!

 

The Better  Nutrition