7 начини да зголемите пиење вода | Trendseteri
Menu

7 начини да зголемите пиење вода

7 начини да зголемите пиење вода

 

 

Многу често слушаме: “Се подув од пиење”, “Не можам повеќе”, “Морам да пијам повеќе”. Многу од нив или не се осеќаат дека имаат капацитет од проста причина што пред тоа исклучиво пиеле вода буквално кога ќе бидат многу жедни, додека другите имаат проблем со вкусот на водата. Најверојатно нема потреба да потенцираме и потсетуваме зошто пиењето на вода е важно… но сепак ќе го направиме за да можеби те поттикнеме да се напиеш и сега :).

Зошто е важно да се пие вода?

Твоето тело е во најголем дел вода — односно од 60%-70% од твојата тежина. А течноста во твоето тело е вмешана во неверојатен број на функции. Водата ти е потребна за да ти помогне во обработка на храната и за транспорт на сите нутриенти до клетките — и секако да ги исфрли сите материи што твоето тело не ги сака. Без доволно вода регулацијата на температура ќе биде предизвик, зглобовите ќе имаат недостаток од подмачкување и мускулите ќе ти се уморуваат многу побрзо.

7 совети што ќе ти помогнат да пиеш повеќе вода

Гледај ја. Може да биде од голема корист доколку потребната дневна количина за вода ја гледаш. Пробај стави ги шишињата со вода во просторијата каде најмногу го поминуваш денот и постави си цел да ја испиеш. Така постојано ќе се потсетуваш и ќе си дотураш во чаша.
Излади ја. Ладната вода е секогаш поатрактивна за пиење. Повеќе освежува за разлика од водата стоена во шише на собна температура. Секогаш имај на дофат ладна вода и понеси ја со себе, бидејќи ќе биде таква и во следниот саат време.
Разбуди се до неа. Навечер додека спиеме дехидрираме, затоа мој совет почнете го денот со вода. Дури имајте и шише покрај креветот па буквално напиј се вода и пред да застанеш на нозе.
Користи цефка. Пиење на вода со цефка е позабано, а и многу луѓе ми кажале дека можат да испијат поголема количина од вообичаено.
Збогати ја. Додавање на свежи растенија и плодови е секогаш добредојдено и интересно. Пробај додади неколку резанки лимон или лимета, или краставица, или свежо нане или ѓумбир, или рибизли. Тоа и дава дополнителна живост на водата.
Јади ја. Пробај буквално пред секој оброк напиј се 1 чаша вода. Не само што ќе ти помогне да внесеш поголема количина на вода, туку и ќе ти помогне да го контролираш апетитот и гладот.
Следи ја. Водење сметка за тоа колку вода пиеш ќе биде од огромно значење. Многу често се лажеме дека пиеме, па кога би почнале да водиме дневник и си запишуваме колку всушност секој ден пиеме вода сваќаме дека не е така како во приказната која си ја кажуваме дека пиеме доволно. Водењето на дневник и запишувањето на испиените количини вода ќе всади дополнително и дисциплина и контрола врз дневниот биоритам.

 

The Better Nutrition

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
DejaVu Capitol Mall