5 најдобри машки парфеми за оваа сезона, есен/зима | Trendseteri
Menu

5 најдобри машки парфеми за оваа сезона, есен/зима

Освојте сè оваа сезона со преубавите машки мириси

 

Затоа што ладното време веќе започна да чука на врата, сега е вистинско време да ги замените вашите летни парфеми со зимски, а овие нови колекции ќе ви повогнат да освоите се со преубав мирис.

Ова се најдобрите машки пафеми за есен и зима…

 

1. Acqua Di Parma Colonia Sandalo

Одличен машки парфем, кој ќе ве воодушеви со своите цитрусни и дрвенести мирисни ноти. Овој парфем е одличен за работни состаноци и дружење по кафетерии и ресторани.

 

2. Tom Ford Ombre Leather

Ако сте за секси парфем кој ќе ја нагласи вашата машкост и сексипил, тогаш овој парфем е совршен избор за вас. Одлично се вклопува со мирисот на кожа, па ако носите кожна јакна овој парфем е вистинскиот за вас.

 

3.Boss The Scent Private Accord

Од компанијата Boss навикнати сме да добиваме првокласни производи, а овој пат ни пристигна овој совршен парфем кој во себе содржи мирисни ноти на какао и кој одлично ќе послужи за сите пригоди.

 

4.Terre d’Hermes Eau Intense Vetiver

Овој пафем ќе ви помогне ако сте во повеќето случаеви во работно издание и ако сакате да оставите впечаток пред непознати луѓе. Озбилните и силни мирисни ноти ќе направат да делувате озбилно и префинето.

 

5.L’Homme Prada Velvet Edition

Лесен и свеж парфем со послаб интензитет кој ќе биде совршен за секојдневна употреба и за сите пригоди.